Линкови за пристапност

Русија негира дека нападите во Сирија избегнале цели на Исламската држава


Можна средба САД - Русија околу армиските активности за да се избегнат можни меѓусебни судири во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН рече дека ваквите извештаи се неосновани гласини. Во однос на извештаите дека во некои од нападите биле погодени цивили, Лавров кажа дека за тоа нема никаква информација. Тој ова го изјави по средбата со државниот секретар Џон Кери кој изјави дека претставници на американската и руската армија ќе се сретнат набрзо, а можеби и денеска, за да избеганат меѓусебен конфликт во Сирија.

Претходно, секретарот за одбрана Ештон Картер истакна дека руските бомбардери во Сирија најверојатно погодиле области коишто не и` припаѓале на Исламската држава.

Неименуван извор на Пентагон за Гласот на Америка изјави дека екстремистичката организација е концентрирана во градовите Рака и Алепо, како и источниот град Деир ал-Зур. Спротивно на тоа, бројни борци и други противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад се наоѓаат во градот Хомс. Истиот изворот кажа дека според оваа логика – нападите не се наменети против ИСИЛ.

XS
SM
MD
LG