Линкови за пристапност

Кери: Има напредок во преговорите за прекин на огнот во Сирија


Американскиот државен секретар се наоѓа во посета на Женева

Државниот секретар Џон Кери, вели дека, „постои се` поголемо разбирање по прашањето за прекин на огнот во Сирија, вклучувајќи го и најголемиот град во земјата, Алепо, каде бројот на жртвите од неодамнешните воздушни напади, и натаму расте.

Кери денеска се сретна со неговиот саудиски колега, Адел ал-Џубеир, во обид за спас на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД и Русија, а којшто речиси пропаѓа во услови кога сириските сили извршија воздушни напади врз Алепо. Во операциите имаше бројни цивилни жртви.

Американски претставници велат дека руската соработка е клучна за ставање крај на насилството, а главниот предизвик на државниот секретар на САД е да обезбеди определба од Москва дека сириската влада ќе ги прекине нападите врз Алепо.

Русија ги одби тие повици и ги оправдува нападите како антитерористички акции потребни за отстранување на ќелиите на Ал-Нусра и протерување на други екстремисти од градот. САД го отфрлаат тврдењето и велат дека целта се цивили, при што се прекршува прекинот на огнот.

Сириската армија во петокот повика на привремен прекин на огнот во Дамаск и провинцијата Латакија, но Кери повикува насилството да прекине и во Алепо.

Напорите на американскиот шеф на дипломатијата се комплицираат со тоа што Русија не учествува на средбите во Женева, но тој истакна дека е постигнат напредок, додавајќи дека, „САД директно разговараат со Русите, дури и сега“.

Според најновите информации, изминативе 11 дена во воздушните напади во Алепо загинале преку 250 лица.

XS
SM
MD
LG