Линкови за пристапност

Најмалку 5 борци убиени при воздушните напади на САД во Сирија


Сириската државна агенција (САНА), објави дека едно дете било убиено, и оти најмалку три други лица биле повредени

Најмалку пет борци на паравојската поддржана од Иран се убиени при воздушните американски напади врз источна Сирија, близу до границата со Ирак, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, објави Ројтерс.

Организацијата, која се потпира на мрежа извори во Сирија за да обезбеди информации, рече дека меѓу целите за напад биле воени позиции.

Сириската државна агенција (САНА), објави дека едно дете било убиено, и оти најмалку три други лица биле повредени.

Нападите, потврдени од Пентагон, се втори такви напади врз борци на иранската паравојска во Сирија, откако Џо Бајден стана претседател на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG