САД бараат светот да ги повика на одговорност Сирија, Русија и Иран за, како што велат официјални лица, „најголемите злосторства за човештвото“.
Националниот советник за безбедност Х.Р. Мекмастер, го истакна хоророт за кој е обвинет режимот на претседателот Башар ал-Асад, седум години од почетокот на конфликтот во Сирија.
„Режимот на Асад уби, мачеше, силуваше и користеше хемиско оружје против сопствениот народ“, нагласи Мекмастер.
Тој воедно ги обвини Русија и Иран што дозволиле ова да се случи, поради што, кажа што кажа, мора да се повикаат на одговорност.
Мекмастер и други официјални лица на САД засега го истакнуваат пристапот на вршење политички и економски притисок, преку воведување санкции кон Русија и Иран.
Facebook Forum