Едвард Сноуден, поранешниот работник под договор на американското разузнавање, побарал политички азил во Русија, тврди руско официјално лице од областа на имиграцијата.
Лицето, кое ги информираше руските и странските новнари под услов да остане анонимано, соопшти дека активист на ВикиЛикс, кој патувал заедно со Сноуден, вчера го доставил барањето до рускиот конзулат во транзит-зоната на московскиот меѓународен аеродром.
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека неговата земја досега нема никого испорачано, како и дека Сноуден би можел да заврши во Русија доколку прекине да протекува информации во медиумите. Путин денес кажа дека доколку сака да остане, Сноуден „мора да прекине со работата чија цел е да наштети на нашите американски партнери - без оглед колку ова може чудно да звучи затоа што доаѓа од мене“. Тој рече и дека Сноуден не е руски агент и дека руските разузнавачки служби не соработуваат со него. Според претпоставките, Сноуден се` уште се наоѓа на московскиот аеродром, осум дена подоцна откако пристигна од Хонг Конг.
Претседателот Барак Обама денес не даде големо значење на контроверзата дали Вашингтон ги шпионирал европските сојузници, само велејќи дека сите разузнавачки служби во светот се обидуваат да дознаат што размислуват другите земји. Коментирајќи од Танзанија, каде се наоѓа во рамки на африканската тунеја, Обама кажа дека САД се` уште ги разгледуваат наводите изнесени во германскиот неделник Шпигел во врска со програмата за набљудување и дека ќе ги контактираат европските партнери за да им ги дадат сите информации што тие ги бараат.
Неколку европски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Холанд и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, упатија остри критики по наводите дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) ги прислушкувала канцелариите на ЕУ и упаднала во внатрешната компјутерска мрежа на Унијата.
Наводите доведоа до тоа некои да повикаат да прекинат разговорите за трансатлантскиот трговски договор.
Портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека по наводите што најпрвин се појавија во Шпигел саботата, мора да биде обновена обостраната доверба.
Според магазинот, НСА поставила прислушкувачи во канцелариите на ЕУ во Вашингтон, Брисел и во ОН во Њујорк, а се инфилтрирала и во компјутерите на Унијата за да следи телефонски разговори, електронска пошта и други документи. Магазинот се повикува на тајни американски документи што ги понудил Сноуден.