Линкови за пристапност

Врховниот суд го укина законот на Тексас за абортус


Според судот, овие регулативи се непотребни и значат противуставно ограничување на правото на жената да ја изврши оваа процедура

Врховниот суд во понеделникот пресуди дека сојузните држави немаат право да ги заобиколуваат уставните права на жените за абортус.

Со 5 гласови „за“ и 3 „против“ судот го поништи законот усвоен во сојузната држава Тексас со кој лекарите кои би го извршиле абортусот треба да имаат посебни привилегии за пациентите во болниците во близина на нивните клиники, а воедно клиниките да бидат опремени со скапа опрема.

Судот одлучи дека овие регулативи од медицински аспект се непотребни и значат противуставно ограничување на правото на жената за абортус.

Активистите кои се против абортусот, изразија жалење за одлуката, тврдејќи дека законот на Тексас помогнал да се заштити здравјето на жените коишто сакаат да абортираат.

Одлуката на Врховниот суд можно е да влијае на десетина други сојузни држави во САД, со закони слични како оној на Тексас.

XS
SM
MD
LG