Демократите во Сенатската комисија за правосудство велат дека републиканците го брзаат процесот за потврдување на номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет, и бараат процесот да се одложи до завршување на претседателската инаугурација во јануари.
Во писмо до претседавачот со Комисијата Линдзи Грем, демократите велат дека временската рамка која е поставена за нејзиното потврдување, не дозволува темелна истрага од страна на ФБИ, разгледување на вкупната нејзина работа, како и можност Барет да одговори на прашањата на сенаторите.
Грем се сретна со Барет на почетокот на неделава, и рече дека таа е висококвалификувана, и оти тој е посветен да ѝ обезбеди фер и достоинствено сослушување.
Републиканците имаат мнозинство во Сенатот со 53 наспроти 47 гласови, што изгледа дека Барет има доволна поддршка да биде потврдена, и покрај противењето на демократите.
Facebook Forum