Линкови за пристапност

Зголемување на самоубиствата во САД


Според нов владин извештај, стапката на самоубиства во САД во периодот од 1999-та до 2016-та година се зголемила во речиси секоја сојузна држава, јавуваат американските медиуми.

Повеќе од половина од самоубиствата во 2015-та година во подгрупата од 27 сојузни држави, била меѓу лица за кои претходно не се знаело дека имаат нарушено ментално здравје, се вели во извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести.

Самоубиствата ретко се предизвикани од еден единствен фактор, велат здравствените работници, но информациите укажуваат на тоа дека многу од смртните случаи биле поврзани со проблеми во врските, злоупотребата на дрога или финансиска криза.

Напорите за превенција, честопати се фокусирани на менталното здравје. Но тие може да се прошират кај лицата кои се подложни на стрес, како што е губењето на работно место или развод, изјави д-р Ен Шучат на брифингот за медиумите.

Самоубиството е десетта водечка причина за смрт и една од трите водечки причини кои се во пораст. Другите две причини се Алцхајмеровата болест и предозирањето со лекови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG