Линкови за пристапност

Прва бура сезонава - големи врнежи во Флорида, Алабама и Џорџија


Суптропската бура Алберто се очекува да се намали денес напладне, штом ќе почне да се движи кон Долината на Тенеси

Суптропска бура Алберто, прва во сезоната на урагани годинава, се движи северно од Флорида, предизвикувајќи големи врнежи.

Алберто се очекува да донесе 30 сантиметри дожд во делови на сојузните држави Флорида, Алабама и во Џорџија.

Атлантската сезона на урагани трае од први јуни до крајот на ноември

Метеоролозите предвидуваат дека јачината на бурата ќе се намали денес напладне, штом ќе почне да се движи кон Долината на Тенеси.

Минатата година беше неочекувано тешка, со ураганите Харви, Ирма и Мариа, кои предизвикаа огромни штети во Порторико, Хјустон, Тексас и заливското крајбрежје на Флорида.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG