Линкови за пристапност

Југот на САД погоден од големо снежно невреме


Околу 300.000 граѓани останаа без струја

Екипи во неколку јужни американски сојузни држави работат на чистење на патиштата и обновување на доставата на електрична енергија по силната бура која донесе снег и замрзнат дожд.

Во делови од Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина, Западна Вирџинија и Тенеси наврнаа од 30 до 60 сантиметри снег.

Заради лизгавите патишта имаше бројни сообраќајни несреќи, а во Шарлот, Северна Каролина беше пријавен и смртен случај откако дрво паднало врз автомобил.

Во неделата од аеродромот во Шарлот беа откажани повеќе од 1.000 летови.

Властите соопштија дека невремето ја прекинало доставата на струја за 300.000 граѓани, повеќето од нив во Северна Каролина.

Пред бурата, гувернерите на Вирџинија, Западна Вирџинија и Северна Каролина прогласија вонредна состојба со цел да помогнат во мобилизирање на ресурсите и во напорите за чистење на снегот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG