Линкови за пристапност

Се намалува силата на ураганот Епсилон како што се доближува до Бермуда


Ова е четврти голем ураган оваа сезона, заедно со Лора, Теди и Делта

Американските метеоролози велат дека се намалува силата на ураганот Епсилон, кој премина во трета категорија прекуноќ.

Епсилон сега е бура од втора категорија, и се` уште се очекува да предизвика последици од тропска бура на островот Бермуда.

Според последната прогноза, бурата предизвикала ветрови од 155 километри на час, и се очекува да ја помине Бермуда како што се доближува денес и утре.

Ова е четврти голем ураган оваа сезона, заедно со Лора, Теди и Делта.

Метеоролозите велат дека само шест други години имало големи урагани во октомври, и ниту една сезона немала повеќе од два.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG