Линкови за пристапност

Тропска бура го зафати источниот брег на САД, предизвикувајќи дожд и силни ветрови


Артур е првата тропска бура во сезоната на урагани годинава, која официјално почнува на први јуни и трае до ноември

Тропска бура Артур го зафати источниот дел на сојузната држава Северна Каролина, предизвикувајќи големи врнежи од дожд и силни ветрови, предупредуваат метеоролозите.

Артур е првата тропска бура во сезоната на урагани годинава, која официјално почнува за повеќе од две недели отсега, и трае до крајот на ноември.

Националниот центар за урагани, соопшти дека бурата може да донесе од два до седум сантиметри дожд во Северна Каролина. Претходно оваа бура ја зафати и Флорида, каде донесе пет сантиметри дожд, предизвикувајќи поплави во Мајами и околината.

Според Националниот центар за урагани, бурата треба да го помине источниот брег на САД доцна денес или утре, и оти многу е веројатно дека до среда ќе ги изгуби карактеристиките на тропска бура, како што ќе се движи кон отворени води.

Иако сезоната на урагани официјално почнува на први јуни, некогаш бурите доаѓаат и порано.

Минатата година, суптропската бура Андреја се формираше на крајот на мај во Бермуда, но, не траеше долго.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG