Линкови за пристапност

Старбакс денес ќе затвори 8.000 продавници за обука на вработените против дискриминација


Извршниот директор на компанијата Кевин Џонсон лично се извини за случајот со двајцата Афроамериканци, кои беа уапсени минатиот месец

Во напор да се стопира револтот по апсењето на двајца Афроамериканци во продавница на Старбакс, компанијата денес попладне ќе затвори 8.000 продавници за обука на вработените против дискриминација.

Минатиот месец, двајца Афроамериканци влегоа во продавница на Старбкас во Филаделфија, без да имаат намера да купат нешто, и на менаџерката на продавницата и` кажале дека чекаат пријател да им се придружи.

Меѓутоа, менаџерката повика полиција, по што беа уапсени. Ваквиот потег предизвика протести и обвинувања за расизам.

Извршниот директор на Старбакс Кевин Џонсон лично се извини за настанот.

„Сакам да се извинам на граѓаните на Филаделфија и на сите партнери на Старбкас. Ова не не` преставува кои сме ние“, рече Џонсон.

Кусо потоа, Старбкас најави промени во политиката, дозволувајќи секој да може влезе во продавниците, дури и да не планира да купува.

Двете лица кои беа уапсени, склучија договор со компанијата за бесплатно образование за секој од нив, како и симболична спогодба од еден долар со градските власти на Филаделфија, од кои добија ветување дека ќе лансираат програма од 200.000 долари за млади претприемачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG