Претседателот на САД Доналд Трамп им изрази сочувство на граѓаните на Шри Ланка, по вчерашните бомбашки напади при кој загинаа речиси 300 лица, а стотици други беа повредени.
Белата куќа изјави дека премиерот на Шри Ланка изразил благодарност до Трамп за неговата загриженост, и го информирал за текот на истрагата за нападите.
„Претседателот Трамп вети поддршка за Шри Ланка во пронаоѓање на сторителите, и се заложи за борба против глобалниот тероризам“, се вели во информацијата од Белата куќа за телефонскиот разговор меѓу Трамп и премиерот на Шри Ланка.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, исто така, ги спомена нападите во Шри Ланка, потврдувајќи дека меѓу жртвите има и американски граѓани.
„Ова е борба и на Америка. Денес нашата држава жали со народот на Шри Ланка. Остануваме заложени да се бориме против тероризмот“, рече Помпео.
Стејт департментот ги предупреди граѓаните кои патуваат во Шри Ланка да бидат претпазливи поради зголемена опасност од тероризам.
Facebook Forum