Поддржуваме целосна, детална и транспарентна истрага, рече Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, коментирајќи ја истрагата за специјалната обвинителка Катица Јанева.
„Такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ако постојат докази, тогаш соодетно обвинение ќе биде можност за властите и Северна Македонија да покажат почитување на владеење на правото, кое преставува фундаментална основа што ќе и` помогне на Северна Македонија да го продолжи европскиот пат. Ние ги поодржуваме и охрабруваме институциите на Севрна Македонија да ја завршат оваа истрага“, рече Палмер во интервју за на Гласот на Америка на македонски јазик.
Тој истакна дека многу е важно да постои Специјалното јавно обвинителство, кое ќе има мандат да ги адресира овие прашања и предизвици.
„Во тек се разговори меѓу опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со параметрите на новиот закон за СЈО. Важно е овие страни да дојдат заедно да преговаараат и да ги решат нивните разлики“, изјави Палмер.
Рече дека е важно да се постигне договор на кој начин СЈО ќе биде реформирано и модифицирано, со цел да го штити интересот на државата.
„Времето за политиканство е завршено. Сега е време за лидерство“, изјави Палмер.
Тој нагласи дека е многу важно овој закон да биде договорен многу однапред пред одлуката на советот на ЕУ во октомври.
„Многу сакаме да видиме Европскиот совет да донесе позитивна одлука, и да му понуди на Скопје отворање на преговорите. Верувам дека Северна Македонија ја заслужи таа можност“, истакна тој.
Сепак, додаде тој, особено важно за да може тоа да се исполни ќе бидат сигналите што Владата ќе ги испрати и успехот на законот што го опфаќа Специјалното јавно обвинителство.
Facebook Forum