Линкови за пристапност

На полноќ истекува рокот за привремен Буџет на САД


Законодавците имаа две опции - мерка за продолжено финансирање за уште еден месец, или делумно затворање на Владата

Американските сенатори денес ќе продолжат да дебатираат за мерката за привремено финансирање на Владата, со цел да избегнат нејзино затворање вечерва на полноќ.

Во пресрет на сенатската расправа денес, спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан рече дека вината ќе биде на демократите, ако мерката не помине во Сенатот.

„Побарав американскиот народ да го разбере ова. Единствените кои стојат на пат Владата да остане отворена се демократите во Сенатот. Од нив зависи дали ќе има затворање или не“, рече Рајан.

Демократскиот конгресмен Адам Чиф рече дека проблемот е кај претседателот на САД Доналд Трамп.

„Наутро тој има едно мислење, попладне друго. Има многу мала дискусија и соработка меѓу претседателот и републиканското лидерство овде“, рече Чиф.

Законодавците имаа две опции – или да се договорат за продолжено финансирање за уште еден месец, или делумно затворање на Владата додека не се договорат за целосно владино финасирање.

Ако привремената мерка се усвои, во текот на наредниот месец законодавците ќе преговараат за законско решение за финансирање на Владата до крајот на фискалната година 2018-та, која завршува во септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG