Линкови за пристапност

Кои се очекувањата од првите комерцијални летови во вселената


Астронаутите на НАСА мисиите ги нарекуваат непроценлива можност

Астронаутите од НАСА првиот лет со ракетата „Драгон“ (Dragon) на „Спејс икс“ (SpaceX), го нарекуваат можност еднаш во една генерација.

Астронаутите кои следната година ќе бидат дел од првите комерцијални летови во орбитата и ќе ги донесат членовите на екипажот назад во САД, во седиштето на „Спејс икс“ во Калифорнија, говореа за очекувањата од идните мисии.

„Само можноста да се оди до Вселенската станица и да се биде дел од екипажот, е огромна можност. Да имаме можност да помогнеме во овој процес, не само да се бидиме вклучени во летовите и обуката, туку и да работиме и да живееме на станицата. Пресреќен сум, ова навистина е сон на еден тест-пилот“, вели астронаутот Виктор Гловер, кој ќе биде дел од првиот екипаж на ‘Драгон’.

НАСА на „Спејс икс“ и „Боинг“ им плаќа милијарди долари за изработка на капсулите за човечки екипаж, како надградба на спејс-шатлите. Американската агенција за вселенски истражувања воедно плаќа и милијарди долари за карго испораки на „Спејс икс“ и „Нортроп груман“ до Вселенската станица.

Карго-мисиите започнаа пред шест години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG