Капсулата „Кру Драгон“, дизјанирана од компанијата „СпејсЕкс“, се спои со тричлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица.
„Во име на мојот екипаж им честитам на САД и на тимот ан НАСА за овој значаен настан, успешно лансирање на капсулата на `СпејсЕкс`“, изјави рускиот космонаут Олег Кононенко.
Капсулата донесе производи и опрема потребна за вселенската станица, и ќе остане таму пет дена додека астронаутите ја средуваат и испитуваат кабината на „Кру Драгон“.
Ова е првото комерцијално изградено американско летало во осум години, кога беше ставен крај на програмата за вселенски летала.
САД моментално зависат од Русија да лансираат астронаути во вселенската станица, за околу 80 милиони долари за карта.
Facebook Forum