Линкови за пристапност

НАСА го одложи лансирање на првото човечки управувано вселенско летало


Лошото време беше причина за откажувањето на летот кој треба да означи нова ера на вселенските летови

НАСА го одложи закажаното лансирање на првото човечки управувано вселенско летало на компанијата „SpaceX“, првиот комерцијален вселенски лет во историјата.

НАСА го откажа лансирањето 16 минути пред полетувањето, поради закана од грмотевици во близина на вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

НАСА ќе се обиде повторно во сабота да го испрати вселенското летало „Змеј“ до Меѓународната вселенска станица.

Лансирањето ќе биде првпат откако во 2011 година беше во пензија вселенскиот шатл, Американците ќе летаат во вселената од американската почва.

Лансирањето ќе биде прв пат, откако е повлечена флотата на вселенскиот шатл во 2011, Американците да летаат во вселената од американско тло. Откако престана користењето на спејс шатлите, НАСА се потпираше на партнерство со руската вселенска агенција за да испраќа астронаути до Меѓународната вселенска станица.

Предводен од астронаути на НАСА, Даг Харли и Боб Бенкен, летот означува нова ера на вселенските летови.

„SpaceX“ ќе им се придружи на „Gemini“, „Apollo“ и вселенскиот шатл во историјата на вселенската авијација. Разликата е во тоа што тие летала беа изградени од американски државни изведувачи.

„SpaceX“ е изграден од извршниот директор на Тесла, Илон Маск и за првпат вселенска агенција користи приватна трговска компанија за да пренесе луѓе во вселената.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG