Линкови за пристапност

Првиот човек на Пентагон во посета на Јужна Кореја


Според најавите, следна станица на Џејмс Матис е Јапонија.

Секретарот за одбрана Џејмс Матис изјави дека администрацијата на претседателот Трамп е определена да ги зајакне односите со Јужна Кореја, во услови на, како што ги нарече, провокации од страна на Северна Кореја.

Матис ова го изјави за време на посетата на Јужна Кореја и по разговорите со јужнокорејскиот премиер Хванг Кјо-ан. Хванг истакна дека со нетрпение чека натамошни консултации околу сојузништво меѓу САД и Јужна Кореја одговарајќи на, како што кажа, севернокорејското нуклеарно прашање.

Според најавите, Матис треба да ја посети и Јапонија.

XS
SM
MD
LG