Американската армија соопшти дека системот за противракетна одбрана, поставен во Јужна Кореја, сега е оспособен за пресретнување на балистички проектили од Северна Кореја.
Системот има „почетна способност да интервенира“, изјавија претставници на одбраната, но предупредија дека работата ќе продолжи и во наредните месеци, за да се осигура негова целосна функционалност.
Кина остро се спротивстави на системот за противракетна одбрана, нарекувајќи го потенцијална закана.
Северна Кореја работи на производство на балистички проектили, а последниве месеци изведе и серија неуспешни тестови.
Facebook Forum