САД и Јужна Кореја не постигнаа договор за делење на трошоците за одбрана, и по четврта рунда преговори оваа недела.
Јужнокорејскиот преговарач се сретна со тимот на САД во Вашингтон два дена, но, разговорите завршија без никакви заклучоци.
„Во овој момент се наоѓаме во ситуација кога треба да продолжиме да ги намалуваме нашите разлики. Не постигнавме конкретен резултат“, изјави јужнокорејскиот преговрач.
САД побараа од Јужна Кореја да плати околу пет милијарди долари трошоци за 28.500 американски војници стационирани таму, што претставува пет пати повеќе од сумата што во моментов ја плаќа Јужна Кореја.
И покрај разликите, двете држави се принудени да работат во краток временски рок, бидејќи сегашниот договор треба да истече на крајот на годината.
Facebook Forum