Линкови за пристапност

Средба на американскиот и јужнокорејскиот претседател во Белата куќа


Разговорите во Белата куќа се фокусирани на целта за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска е домаќин на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин. Разговорите во Белата куќа се фокусирани на целта на двете земји за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Трамп одржа два самити со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, при што последниот во февруари заврши порано од предвиденото без да биде постигнат договор откако Северна Кореја побара укинување на санкциите, а американската делегација ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

Претседателот на Јужна Кореја е поборник на постепени мерки за денуклеаризација со САД, при што во олеснувањето на санкциите гледа начин да се натера Северна Кореја да преговара и да започне самостојно да презема чекори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG