Линкови за пристапност

Втор американски војник во Јужна Кореја позитивен на коронавирус


Втор американски војник, стациониран во Јужна Кореја, позитивно е тестиран на коронавирусот. Официјални лица од кампот Хемфри велат дека лицето е изолирано и се чистат сите области каде престојувало. Тие исто така се обидуваат да утврдат кој друг бил изложен.

Канада се спротивстави на американскиот предлог за распоредување стотици американски војници по должината на границата со САД и Кандија, која е затворена за да се запре ширењето на коронавирусот.

„Канада остро се спротивставува на овој предлог“, рече заменик-премиерката Криста Фриланд во четвртокот. „Состојбата со јавното здравје не налага такво дејствување“.

Членовите на парламентот на ЕУ, со помош на првото виртуелно гласање, го одобрија пакетот за економска помош од 41 милијарди американски долари.

Италија и Шпанија се особено тешко погодени од пандемијата.

Кина привремено ги затвора своите граници за сите странски посетители. Скоро сите нови случаи на коронавирус во изминатата недела во Кина потекнуваат од луѓе кои доаѓаат од странство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG