Линкови за пристапност

Социјалните мрежи преплавени со теории за смртта на Епстајн


Мислењата кои не се базирани на факти, а се шират онлајн се загрижувачки знак, сметаат аналитичарите

Часови по смртта на финансиерот Џефри Епстајн, на социјалните мрежи почнаа да се шират теории за тоа како се случила неговата смрт.

„Отсекогаш сме имале теории на заговор, но, она што е различно сега е брзината со која се шират овие информации на социјалните медиуми. Сега буквално секој може да каже се`“, вели Хени Фарид од Калифорнискиот универзитет во Беркли.

Епстајн почина во саботата во федерален затвор во Њујорк. Наводно извршил самоубиство.

Тој се поврзува со многу личности од политичкиот свет, поради што се шират терории за тоа кој каква улога можеби имал во неговиот случај.

Аналитичарите велат дека социјалните медиуми играат голема улога во ширењето на теориите на заговор, кои меѓу другите ги опфатија и поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Тие сметаат дека мислењата кои не се базирани на факти и кои се објавуваат на социјалните мрежи, а потоа се пренесуваат од медиумите, се загрижувачки знак, нагласувајќи дека е потребна поголема онлајн заштита.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG