Невремето Стела донесе снег, што на некои места изнесува и 60 сантиметри и ветер од над 100 километри на час.
Националната метеоролошка служба упати предупредување за делови од Пенсилванија, Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Роуд Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Мејн и Вермонт.
Илјадници летови се откажани и многу училишта затворени.
Според веб сајтот на авиокомпанијата FlightAware, биле откажани повеќе од 5.000 летови, од кои над 2.800 во областа на градот Њујорк, каде што околу 200 патници останале заглавени на аеродромот Џон Ф. Кенеди.
Во Њујорк, градоначалникот Бил де Бласио издаде предупредување за граѓаните:
„Најважно е да не се патува. Вашата безбедност е во прашање“, рече тој.
Планираната средба на германската канцеларка Ангела Меркел, со претседателот на САД, Доналд Трамп во Вашингтон е одложена за петок.
Во главниот град на САД, наврнаа пет сантиметри снег, а температурите се под нулата.
Заканата од снегот во североисточниот ги принуди кошаркарските тимови од универзитетската лига да ги променат плановите за своите настапи.