Линкови за пристапност

Трамп го обновува спорот со Јужна Кореја за поделба на трошоците за одбрана


Нема да ја кажам земјата, но во една земја трошиме многу пари за одбрана – (на) многу опасна територија - и тоа не чини пет милијарди долари, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата рече дека Јужна Кореја е „богата како пекол и веројатно не не сака премногу“, со што го упати најновиот удар во спорот околу тоа како да се поделат трошоците за присуството на американските војници тука.

Трамп конкретно не ја именуваше Јужна Кореја во своите коментари за време на политичкиот митинг на Флорида. Но, бројките што ги наведе се совпаѓа со неговите претходни реакции за Сеул, а аналитичарите велат дека нема сомневање за кого Трамп зборувал.

„Нема да ја кажам земјата, но во една земја трошиме многу пари за одбрана – (на) многу опасна територија - и тоа не чини пет милијарди долари“, рече Трамп.

Откако се пожали дека земјата за која станува збор придонела со само околу 500 милиони долари од таа бројка, Трамп рече: „Ние изгубивме четири и пол милијарди долари за да ја одбраниме земјата што е богата како пекол и на која веројатно не ѝ се допаѓаме премногу.“

Трамп, исто така, рече дека тој им наложил на своите луѓе „да се јават и да побараат да се плати остатокот. Тие ќе платат.“

Со децении Трамп ги критикува американските сојузници - вклучувајќи ги и Јужна Кореја, Јапонија и различни земји во НАТО - поради тоа што не плаќаат доволно за трошоците за американските војници на нивна територија.

Но, коментарот на Трамп во средата беше насочен конкретно кон Јужна Кореја, вели Дејвид Максвел, пензиониран полковник на Специјалните сили на армијата на САД, кој сега е во Фондацијата за одбрана на демократиите.

Коментарот на Трамп може да ги комплицира спорните преговори за поделба на трошоците помеѓу Вашингтон и Сеул, што привремено беше регулирано во февруари, со едногодишен договор со кој беше заменет претходниот петгодишен договор.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја не одговори на барањето на Гласот на Америка за коментар.

Јужна Кореја во февруари се согласи да плати 925 милиони долари за поддршка на американското воено присуство следната година. Тоа претставува пораст од 8 отсто во однос на претходната година, но многу помалку од тоа што го бара Трамп. Неколку дена подоцна, Трамп рече дека ја убедил Јужна Кореја да го удвои својот удел.

Трамп вели дека годишно се потребни пет милијарди долари за да се платат американски трупи и бази во Јужна Кореја. Повеќето проценки ја приближуваат оваа бројка до 2 милијарди долари.

((https://www.washingtonpost.com/politics/2019/02/25/president-trumps-imaginary-numbers-military-aid-south-korea/?utm_term=.022b7436a88f))

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG