Линкови за пристапност

Пелоси сугерира одложување на годишното обраќање до нацијата


Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси сугерираше дека ако прашањето со делумното владино затворање не биде решено до крајот на неделата, тогаш претседателот Трамп треба или да го одложи или да ја разгледа можноста писмено да го достави редовното годишно обраќање до нацијата.

Пелоси го аргументираше ставот со загриженоста за неопходните безбедносни подготовки потребни за годишниот настан во Конгресот, којшто треба да се одржи на 29-ти јануари.

Во писмо до Трамп, таа подвлече дека американската Тајна служба, под чија јурисдикција е личната безбедност на претседателот и неговото семејство, како и Одделот за домашна безбедност, не се финансираат за време на владиното затворање, што се одразува врз бројката агенти кои што одат на работа. Од најтесното обезбедување од Тајната служба на претседателот Трамп не земале плата од 22-ри декември.

Но, секретарката за домашна безбедност Кирстен Нилсен рече дека агенции се целосно подготвени да обезбедат поддршка за безбедносните мерки за време на годишното обраќање до нацијата.

Претседателот Трамп јавно засега не ја коментираше сугестијата на спикерката Пелоси. И натаму 800.000 федерални работници или се дома или работат без плата за време на делумното владино затварање кое денеска влегува во 27-от ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG