Линкови за пристапност

Трамп засега нема да прогласи национална вонредна состојба


Американскиот претседател го одби предлогот да ги отвори затворените агенции на три недели, додека продолжат разговорите за ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега нема да прогласи национална вонредна состојба за да ги добие парите за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

„Тоа е толку едноставно“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа пред да замине на конвенција во Њу Орлеанс. „Демократите се тие кои стопираат луѓето да добијат плата“ – 800.000 федерални работници не одат на работа или работат без плата додека владата е делумно затворена, што трае веќе 24 дена.

Трамп го одби предлогот на републиканскиот сенатор Линдзи Грахам, еден од неговите најгласни конгресни поддржувачи, да стави крај на најдолгото затворање на владата во американската историја и да ги отвори затворените агенции на три недели, додека не одржи повеќе средби со демократските лидери за неговиот план за ѕидот долг 3.200 километри на јужната американска граница.

„Не сум заинтересиран“, рече Трамп.

„Зборуваме за безбедноста на границата“, рече Трамп. „Кој би можел да биде против тоа? Има криминалци (кои ја преминуваат границата). Има банди. Демократите не сакаат да направат ништо во врска со тоа.“

Но, на повидок нема поместување, бидејќи демократите го отфрлија барањето на Трамп за повеќе од 5 милијарди долари за финансирање на ѕидот. Тие понудија 1,3 милијарди долари за нови мерки за безбедноста на границата, но не и за ѕидот.
„Чекав цел викенд“, напиша Трамп претходно во порака на Твитер. „Демократите сега мора да работат. Границата мора да биде обезбедена.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1084788012725166080

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG