Линкови за пристапност

Трамп ќе се обрати до нацијата


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку телевизиско обраќање ќе ги образложи своите аргументи за неговото барање за ѕидот на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да ја прикаже јужната граница со Мексико како неизбежна „хуманитарна и национална безбедносна криза“ за да добие поддршка за финансирање на граничниот ѕид во борбата со законодавците која веќе доведе до 18-дневно делумно затворање на владата.

Трамп денеска ќе ги образложи своите аргументи во обраќање до нацијата преку телевизија, пред да отпатува на границата со Мексико во четврток.

Демократскиот лидер, сенаторот Чак Шумер, во понеделникот пред новинарите изјави дека ако Конгресот попушти на барањето на претседателот за ѕидот со Мексико, тоа ќе доведе до катастрофа.

„Ова не е начин да се управува, да се удри со тупаница на масата и да се предизвика штета на милиони луѓе. Не е тоа што Уставот вели дека, знаете, изборите носат некои последици. Идејата на претседателот за неговиот ѕид не помина кога републиканците го контролираа Претставничкиот дом и Сенатот, бидејќи тие знаеја дека тоа е лоша идеја. И сега, тој ја затвори владата,“ рече Шумер.

Во изминатите две седмици преговорите меѓу лидерите на демократите и Трамп не доведоа до прогрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG