Линкови за пристапност

Демократите бараат излез од ќорсокакот преку финансирање на владините агенции


Во чеврток демократите во Конгресот планираат да усвојат легислатива со која ќе се финансираат затворените владини агенции, но не се предвидени пари за ѕидот на Трамп

Американските политички лидери од двете партии и натаму се во ќор-сокак бидејќи демократите во Конгресот планираат во четврток да усвојат легислатива со која ќе се финансираат многу владини агенции кои што во моментов се затворени, но не се предвидени пари за граничниот ѕид за кој што претседателот Доналд Трамп инсистира дека е неопходен за националната безбедност.

Ненси Пелоси, номинирана за спикер за Претставничкиот дом и лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер излегоа со заедничка изјава во која ги повикаа републиканците да дадат поддршка за легислативата.

Трамп бара пет милијарди долари како аванс за граничниот ѕид кој би можел да чини повеќе од 20 милијарди долари, додека демократите понудија 1,3 милијарди долари за други мерки за гранична безбедност.

Поради делумното затворање на Владата на САД 380.000 државни службеници се отпуштени додека други 420.000 одат на работа, но нема да добијат плата за тоа се додека не биде разрешено прашањето за финансирањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG