ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека би прифатил договор барем за привремено отворање на Владата ако се резервираат пари за ѕид на границата со Мексико, што тој ги бара две години.
Денес федералните работници останаа без втора плата, додека Владата и натаму останува затворена.
Трамп го даде овој предлог вчера откако Сенатот контролиран од републиканците не ги изгласа двата предлога на републиканците и демократите да се стави крај на владиното затворање.
Затворањето на Владата погоди 800.000 работници, од кои повеќе од половина или 420.000 се принудени да одат на работа без плата, додека многумина живеат со помош од нивните заедници.