Линкови за пристапност

Владата на САД делумно затворена 17-ти ден


Трамп останува на барањето за пет милијарди долари за изградба на ѕидот по границата со Мексико, додека демократите сметаат дека тоа е неефикасно и скапо

Владата на САД е затворена 17-ти ден со оглед на тоа што претседателот Доналд Трамп останува на своето барање за финансирање на изградбата на ѕидот со Мексико, додека демократите во Претставничкиот дом се подготвуваат за нови закони чија цел е отворање на затворените владини агенции.

Во меѓувреме, илјадници федерални службеници остануваат дома, додека дел продолжуваат да одат на работа, но без плата.

Претседателот Трамп одби да одобри било какви трошоци, се додека истите не вклучуваат повеќе од пет милијарди долари за изградба на ѕидот по границата со Мексико со цел да се спречи илегалната миграција. Демократите го одбиваат ваквото барање со став дека е неефикасно и скапо.

Трамп пред новинарите во неделата изјави дека многу федерални работници се откажуваат од своите плати во интерес на изградба на ѕидот, кој треба да ги спречи шверцерите со дрога, терористите и криминалните банди да влезат во државата доаѓајќи од Мексико.

„Многу од тие луѓе што не добиваат плата, 100 процентно се согласуваат со она што го правам,“ изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп ја пофали средбата во неделата помеѓу заменик-претседателот Мајк Пенс и демократските претставници за безбедноста на границата и рече дека ако демократите се подготвени за договор, тој може да се постигне „за 20 минути ако сакаат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG