Линкови за пристапност

Трамп најави можно брзо прогласување на вонредна состојба


Тоа ќе му овозможи на претседателот да потроши пари за изградба на ѕид со Мексико без конгресно одобрување

Белата куќа денес организира тркалезна маса на која локални лидери ќе дискутираат за граничната безбедност.

Истовремено, претседателот на САД Доналд Трамп ја продолжува кампањата да ги убеди Конгресот и американскиот народ за потребата од ѕид на границата со Мексико.

Тој вели дека е потребно да се стопира нелегалната имиграција, како и дрогата и криминалот што, вели тој, доаѓаат со неа.

Трамо го посети пограничниот град Мекален, Тексас, каде изјави дека е можно да прогласи вонредна состојба.

„Или ќе победиме и ќе направиме компромис, бидејќи компромисот е победа за сите, или ќе прогласиме вонредна состојба“, рече Трамп.

Прогласување вонредна состојба ќе му овозможи на Трамп да потроши пари без конгресно одобрување.

Тоа, пак, веројатно ќе предизвика демократите да го однесат случајот на суд, тврдејќи дека нема вонредна ситуација на границата, и оти претседателот ги надминува неговите уставни овластувања.

Вчера ноќта, Сенатот изгласа закон, со кој се гарантира дека федералните работници ќе бидат платени откако Владата ќе биде отворена.

Утре е четврта недела од владиното затворање, кое ќе постави рекорд на најдолго затворање во историјата на САД.

Засега нема знаци за постигнување брз договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG