Линкови за пристапност

Претставничкиот дом се очекува да донесе два закона за крај на владиното затворање


Републиканскиот лидер во Сенатот рече дека овие мерки нема да ги стави на гласање

Претставничкиот дом денеска се очекува да одобри легислатива со цел да се стави крај на владиното затворање.

Еден од законите што се очекува да помине ќе треба да обезбеди финансирање на Одделот за домашна безбедност до февруари, дозволувајќи им на двете страни да ја надминат разликата околу барањето на Трамп на буџет од пет милијарди долари за изградба на ѕид и предлогот на демократите од 1.3 милијарди долари за други мерки за гранична безбедност.

Другиот закон треба да обезбеди финансирање до крајот на септември за Одделите за земјоделие, урбано планирање и на други кои во моментот се затворени.

Републиканскиот лидер во Сенатот рече дека овие мерки нема да ги стави на гласање.

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека Владата ќе остане затворена се додека не се обезбеди финансирање на ѕидот со Мексико, со што демократите не се согласуваат.

Ваквата ситуација останува и по вчерашниот брифинг во Белата куќа на Трамп и конгресните лидери, кои не успеаја да постигнат договор. Планот е да се сретнат утре повторно во обид да најдат решение.

Лидерот за сенатското малцинство Чак Шумер рече дека побрал Трамп да му даде една причина Владата да остане затворена и понатаму, додека републиканскиот лидер во Претставничкиот дом Кевин Мекарти изјави дека е можно законодавците и претседателот брзо да најдат решение.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG