Линкови за пристапност

Шест полицајци ранети во престрелка во Филаделфија


Двајца полицајци биле заробени во куќата со вооружениот напаѓач повеќе од четири часа пред да бидат безбедно евакуирани

По повеќе часовни престрелки во кои се повредени шест полицајци во Филаделфија, уапсен е осомничениот напаѓач.

Портпаролот на полицијата информираше дека откако го привеле осомничениот, полицајците работеле на расчистување на куќата каде вооружениот напаѓач се барикадирал.

Престрелката започнала додека еден службеник се обидувал да врачи налог за апсење.

Двајца полицајци биле заробени во куќата со вооружениот напаѓач повеќе од четири часа пред да бидат безбедно евакуирани.

Властите се обиделе да комуницираат со вооружениот, остварувајќи и повеќе телефонски повици, но рекоа дека иако одговарал на повиците, тој не кажал ништо.

Портпаролот на полицијата изјави дека сите шест полицајци кои се здобиле со рани од огнено оружје веќе се пуштени од локалните болници. Еден друг службеник бил примен за лекување поради повреди со кои се здобил во сообраќајна несреќа која се случила на барикадата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG