Стотици демонстранти учествуваа на третиот ден протести во Шарлот, Северна Каролина, по контроверзното убиство од вторникот на Кит Ламонт - афроамериканец, од страна на полицијата.
Протестите главно минаа мирно. Властите рекоа дека немаат намера да воведат полициски час се` додека ситуацијата остане таква. Некои од демонстрантите дури и се ракувале со припадниците на Националната гарда, кои беа распоредени како засилување на полицијата.
Претходно, гувернерот на Северна Каролина, Пет Мекрори прогласи вонредна состојба во градот, предупредувајќи на бројни апсења доколку не се почитува редот и мирот.