ВАШИНГТОН —
Полицаецот од сојузната држава Тексас Аарон Дин, кој застрела и усмрти жена во нејзиниот дом, е обвинет за убиство.
Тој беше упасен неколку часа откако вчера поднесе оставка. Доцна вечерта, пак, беше ослободен со кауција од 200.000 долари.
Дин ја застрела 28 - годишната Џеферсон преку прозорец, откако сосед повикал полиција да пријави дека влезната врата на нејзината куќа била оставена отворена.
Џеферсон била во куќата заедно со нејзиниот осумгодишен внук.
Семејството на Џеферсон повика на независна истрага.
Facebook Forum