Линкови за пристапност

Чарли Роуз суспендиран по наводите за сексуално вознемирување


Телевизиската мрежа „Си-Би-Ес“ (CBS) го суспендираше новинарот Чарли Роуз, откако „Вашингтон пост“ објави дека осум жени го обвинуваат за сексуално малтретирање.

Пи-Би-Ес (PBS) и Телевизијата Блумберг исто така ја откажаа дистрибуцијата на шоуто на Чарли Роуз.

Осумте жени, кои работеле или сакале да работат со Роуз го обвинуваат за непристојно допирање.

„Жал ми е. Го знам Чарли долго време. Но, тоа е што е. Тажен случај. Тој призна дека очигледно тоа се случило ... Не знам“ изјави познатиот водител Лари Кинг.

Роуз на Твитер се извини за неговото несоодветно однесување.

Роуз е најновата позната јавна личност која е обвинета за сексуално вознемирување.

Во Алабама, републиканскиот кандидат за член на Сенатот, Рој Мур, продолжува да ги негира обвинувањата за сексуално злоставување кои се случиле пред неколку децении со неколку тинејџерки, кога тој бил во своите 30-ти години.

Мур, исто така ги отфрли повиците од истакнати републиканци за да прекине со кандидатурата и да се откаже од изборите закажани за следниот месец.

Истражувањата на јавното мислење во Алабама покажува дека Мур заостанува зад неговиот демократски противкандидат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG