Линкови за пристапност

Најмалку 23 лица мртви при торнада во Алабама


Бројот на жртви се очекува да расте, предупредуваат надлежните

Најмалку 23 лица загинаа, а многумина се повредени во торнада кои вчера ја погодија сојузната држава Алабама.

Локалните власти велат дека се работи за најмалку две торнада, и оти бројот на жртви се очекува да расте.

Спасувачките тимови продолжуваат да пребаруваат низ урнатините, а според информации од надлежните, бројни домови се целосно уништени или оштетени.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за торнада во сојузните држави Алабама, Џорџија, Флорида и во Јужна Каролина.

Гувернерот на Алабама Кеј Ајви прогласи вонредна состојба за да обезбеди помош за погодените подрачја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG