Речиси еден милион жители на источното крајбрежје на САД, останаа без електрична енергија, заради новото зимско невреме во регионот. Ова е втора голема бура за помалку од една недела, со снежни наноси од 60-тина сантиметри.
Според метеоролозите, постои можност невремето да потрае и до почетокот на следната недела, а властите веќе затворија бројни училишта. Откажани се или одложени илјадници летови низ регионот.
Во северниот дел на Њу Ингланд се очекуваат и до 45 сантиметри снег, соопшти Националната метеоролошка служба.
Гувернерите на Њу Џерси и Пенсилванија прогласија вонредни состојби, дозволувајќи владини средства за операции за реновирање, доколку е потребно.
Досега невремето однесе две човечки жртви.
Facebook Forum