Линкови за пристапност

САД со подолги затворски казни за сторителите на кривични дела?


Директивата на генералниот правобранител е во спротивност со политиката од ерата на претходната администрација

Јавниот правобранител на САД, Џеф Сешнс издаде наредба до федералните обвинители да бараат најстроги можни казни против осомничените сторители на кривични дела. Директивата е во спротивност со политиката која беше водена од администрацијата на претседателот Барак Обама. Ова може да резултира со повеќе пресуди и подолги затворски казни по поднесените обвиненија.

Во меморандумот испратен до обвинителите во државата, Сешнс вели: „Ова политика ја потврдува нашата одговорност за спроведувањето на законот. Таа е морална, правична и конзистентна.“

На настан посветен на злоупотребата на наркотици кој се одржа во Западна Вирџинија, Сешнс кажа дека наредбата е потребна за борбата против растечкото насилството во некои поголеми градови и трговијата со наркотици во земјата.

Оваа наредба на главниот правобранител Сешнс беше очекувана. Поранешниот обвинител вети дека ќе се бори против насилството и епидемијата со дрога, и дека тоа ќе биде врвен приоритет на Одделот за правда.

Некои поддржувачи на политиката на Обама, со која се намали пренатрупаноста во федералните затвори и се придонесе за започнување на национална дебата за преиспитување на третманот на обвинетите и осудените лица за кривичните дела поврзани со наркотици велат дека насоките на Сешнс „ќе ги оживеат најлошите аспекти од владината борба против дрогата.“

Директивата на Сешнс е во спротивност со националниот тренд за елиминација на некои од најтешките мерки и казни кои беа усвоени во текот на 1980-тите години, во ерата на тогашната борба со трговијата со наркотици.

Многу експерти велат дека овие закони всушност довеле до тоа сторителите да добијат многу подолги затворски казни, иако пократки рокови би биле доволни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG