Линкови за пристапност

Сенатот на САД ја поддржува Србија во ЕУ


Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Србија во обидот за зачленување во Европската унија

Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Србија во обидот за зачленување во Европската унија.

Претседавачот со Сенатската комисија за надворешни работи Џон Кери четвртокот по гласањето изјави дека Србија направила „импресивен напредок“ во прибилижувањето кон Европа. Тој изрази верување дека првите лица на ЕУ посветуваат должно внимание на напорите на владата во Белград за соработка со Западот.

Минатата недела, Комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе изјави дека очекува членките на Унијата да одобрат почеток на процесот на оценување на подготвеноста на Србија за разговори за пристапување.

Претставници на ЕУ имаат најавено дека организацијата од 27 земји нема да побара официјален Белград да ја признае косовската декларација на независност од 2008-ма. Неколку членки на ЕУ, меѓу нив и Шпанија, Грција и Словачка, исто така одбија да ја прифатат декларацијата.

XS
SM
MD
LG