Линкови за пристапност

Сенатот цел на хакерски напади?


Демократскиот сенатор Рон Вајден бара заштита на приватните електронски пораки на сенаторите, покрај службените

Демократскиот сенатор Рон Вајден повика на зголемување на кибернетската безбедност на Сенатот, како резултат на предупредувањата дека хакери на странски влади се насочени кон приватните електронските пораки на американските сенатори и нивни помошници.

Во писмо до Сенатот, Вајден вели дека неговата канцеларија открила оти најмалку една технолошка компанија предупредила бројни сенатори и нивни соработници дека нивните имејл адреси се цел на „хакери на странски влади“.

Тој предлага легислатива со која ќе и` се дозволи на Сенатската канцеларија за безбедност да ги зголеми овластувањата, во кои ќе бидат вклучени и приватни елекстонски пораки на сенаторите, покрај службените.

Портпаролот на Сенатската канцеларија за безбедност одби да коментира, како и компаниите Мајкрософт и Гугл.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG