Линкови за пристапност

Сенатот на САД изгласа легислатива за бесплатни јавен колеџ и предучилишна грижа


Новото буџетско решение, кое не доби поддршка од републиканците, треба да се гласа во Претставничкиот дом во рок од две недели

Сенатот на САД донесе буџетско решение од 3,5 трилиони долари за фамилијарни услуги и програми за здравствена заштита и животна средина.

Пакетот вклучува повеќе приоритети на претседателот Џо Бајден и беше поддржан само од сенатори од Демократската партија со 50 наспроти 49 гласа.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер рече дека финансискиот пакет би овозможил „историски инвестиции во американските работни места, семејства и борбата против климатските промени“.

„Не` става на пат да донесеме генерациска трансформација за тоа како нашата економија им служи на просечните Американци“, напиша Шумер на Твитер.

Лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел рече дека легислативата предвидува неодговорни трошоци какви што не се видени досега.

Легислативата предвидува унверзално предучилишно образование, бесплатен јавен колеџ, зголемена здравствена заштита за постари Американци и фондови за детска грижа.

Со неа, исто така, ќе се покријат трошоци за борба против климатските промени, измени во имиграциските закони и намалување на цената на лековите.

Демократите планираат да ги платат програмите преку зголемување на даноците на корпорацииите и богатите, доволувајќи ѝ на Владата да преговара со фармацевтските компании за цените на лековите, како и преку зацврстување на даночните контроли.

Легислативата се очекува да се гласа во Претставничкиот дом во рок од две недели кога законодавците ќе се вратат од одмор.

Дел од информациите во текстот се искористени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG