Линкови за пристапност

Сенатот објави извештај со кој бара да се спречи надворешно мешање во изборите во 2020


Извештајот забележува дека влијание може да има и пред изборите во ноември наредната година

Сенатскиот комитет за разузнавање објави двопартиски извештај, со кој се повикуваат Американската влада и приватната индустрија да ги заштитат социјалните медиуми од злоупотреба на изборите наредната година, како што било случај во 2016 година.

Извештајот, кој беше објавен денес по двегодишно истражување на надворешното мешање во изборниот процес во САД, открива дека Истражувачката интернет агенција, поддржана од Кремљ, сакала да влијае на изборите во 2016 година, преку нарушување на шансите за победа на Хилари Клинтон и поддршка на Трамп.

Извештајот, исто така, нагласува дека влијание може да има и пред изборите во ноември 2020.

Сенаторите и` порачаа на администрацијата на Трамп да формира работна група, која ќе врши монитор врз социјалните медиумски платформи, со цел да спречи мешање од надвор наредната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG