Линкови за пристапност

Алабама денес гласа за нов сенатор


Во трка се контроверзниот републиканец Рој Мур, кој се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување, и демократот Даг Џонс, поранешен обвинител

Граѓаните на Алабама денес гласаат за сенатор, кој треба да го замени Џеф Сешнс, кој стана главен правобранител на САД. Овој избор се очекува да има далекусежни национални последици.

Во трка се контроверзниот републиканец Рој Мур, кој се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување, и демократот Даг Џонс, поранешен обвинител.

Двајцата кандидати останаа во кампања до последен момент вчеравечер.

„Повеќето од граѓаните ги набљудуваат изборите, затоа што се први сенатски избори по победата на претседателот Доналд Трамп“, рече Мур.

Додека тој истакна дека е реформатор, заедно со Трамп, неговиот противник вели дека е несоодветен кандидат за Сенатот, по обвинувањата за сексуално несоодветно однесување децении наназад.

„Мнозинството во Алабама велат дека е време да ја ставиме државата пред политичките партии“, изјави Џонс.

Мур ги негираше сексуалните обвинувања, кога бил на 30-годишна возраст, вклучувајќи жени кои биле тинејџерки во тоа време.

Сепак, обвинувањата креираа вакуум во Републиканската партија, а некои републикански законодавци се заканија дека ќе го остранат Мур доколку навистина победи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG