Линкови за пристапност

Украдени податоци за милиони вработени во американската федерална влада


Властите во САД веруваат дека зад нападот стојат хакери со седиште во Кина, но не дадоа детали

Американски официјални лица велат дека хакери од Кина извршиле масовен кибернетски напад врз федералната владина агенција одговорна за собирање на биографски податоци и издавање на безбедносни одобренија за вработување во владата на милиони лица.

Канцеларијата за менаџмент на персоналот (ОПМ) синоќа соопшти дека од нападот можеби се погодени до 4 милиони сегашни и бивши вработени во федералната влада, што е најголемиот упад во податоците за владиниот персонал со години.

Американските власти веруваат дека зад нападот стојат хакери со седиште во Кина, веројатно поврзани со кинеската влада, иако не дадоа детали за тоа како дошле до овој заклучок.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Хонг Леи рече дека ваквото обвинување е недоговорно, како и дека ваквите напади се „генерално анонимни и се вршат преку границите, така што е тешко да им се открие изворот“.

XS
SM
MD
LG