ВАШИНГТОН —
Сенатот денес гласа за номинацијата на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.
На сослушувањето за негова потврда минатата недела, Блинкен рече дека е подготвен да се соочи со предизвиците од Кина, Иран, Русија и од Северна Кореја.
Тој рече дека Кина „претставува најзначаен предизвик“ за националните интереси на САД, нагласувајќи дека сепак има простор за соработка.
Тој вети враќање на моралот и дипломатијата во Стејт департментот.
Блинкен беше заменик-државен секретар на САД за време на администрацијата на Обама, и има блиски врски со претседателот Џо Бајден.
Facebook Forum