Линкови за пристапност

Почина агент на Тајната служба на САД


Четириесет и две годишниот Ноел Ремаген починал во Шкотска од мозочен удар

Почина агент на Тајната служба кој го придружувал претседателот на САД Доналд Трамп за време на неодамнешното патување во странство, објави Белата куќа.

Четириесет и две годишниот Ноел Ремаген бил пронајден во несвесна состојба кога бил на должност за заштита на советникот за национална безбедност, Џон Болтон за време на посетата на Шкотска. Ремаген бил итно пренесен во болница, каде подоцна починал опкружен со колегите и семејството.

„Нашите срца се преполни со тага за загубата на нашиот драг и посветен агент“ се вели во соопштението „Жалиме со нив и со колегите од Тајната служба, кои изгубија пријател и брат.“

Телото на Ремаген беше пренесено во САД, и ќе биде придружувано од припадниците на Тајната служба се до погребот.

Ремаген 19 години работел за Тајната служба која е задолжена за заштита на лидерите на државата. Претходно, тој пет години служел во Маринскиот корпус на САД.

„Молитви за семејството на Ремаген. Засекогаш ќе бидеме благодарни за службата и жртвувањата на припадниците и припадничките на Тајната служба на САД, едни од најсилните и најхрабрите луѓе во државата“ напиша на Твитер портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

Ремаген зад себе ја остави остави сопругата и двете деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG